Велес - центар на научната филолошка мисла
На јубилејните 55. Рацинови средби, Велес повторно се врати на својот интелектуален вруток како центар на научната мисла.
Доделени Рациновите признанија за 2018
Во свечена атмосфера во народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 15 јуни годинава беа доделени Рациновите признанија за 2018 година.
Велес, престолнина на поезијата - Свечено отворени 55. Рацинови средби
Јубилејното 55 издание на Рациновите средби беше свечено отворено на 14 јуни годинава, во народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот.
Нова поштенска марка со ликот на Рацин
Во рамките на 55-то издание на Рациновите средби, „Македонска пошта“ промовираше ново филателистичко издание со ликот на Рацин.
Во чест на Рацин – изложба на академскиот сликар Ангел Петров
16 портрети на Коста Солев Рацин, дело на академскиот сликар Ангел Петров, за првпат пред македонската јавност беа претставени на изложбата отворена во театарот „ЈХК-Џинот“ во рамките на Рациновите средби.
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ
Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, на сите граѓани од исламската вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желби за благосостојба, радост и успех на сите полиња во животот.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски
Започнаа 55. Рацинови средби
Со оддавање почит на Спомен костурницата и спомениците на Рацин во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име, на 14 јуни годинава започна 55-то јубилејно издание на Рациновите средби.
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ
Денес, г-ѓа Зорица Апостолска, министерка без ресор во Влада на република Македонија задолжана за странски инвестиции, заедно со своите соработници, пред триесетина претставници на претпријатија од Велес ги презентираше мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Со почит за Рацин, на Лопушник започнаа 55. Рацинови средби
Јубилејното 55. издание на културната манифестација Рацинови средби започна денеска со оддавање почит на местото на загинувањето на Коста Солев Рацин, на планината Лопушник и на спомен обележјето што таму е поставено во негова чест.
Рациновото признание 2018 за писателот Игор Станојоски
На прес конференција што се одржа во Друштвото на писатели на Македонија, на 12 јуни годинава, градоначалникот Аце Коцевски во својство на претседател на Организацискиот одбор на „Рациновите средби“ ја соопшти одлуката за доделување на Почесното Рациново признание на Дијана Влатковиќ и д-р Борјана Прошев-Оливер од Република Хрватска за Хрватско-македонскиот речник во издание на Матица на Македонците во Хрватска.