Велес домаќин на Младинскиот филмски фестивал „Џифони“

На 18 и 19 Мај, најмладите љубители на филмската уметност имаат несекојдневна можност да уживаат во филмовите во рамките на Филмскиот фестивал „Џифони“. Фестивалот кој во организација на Агенцијата за филм и Општина Велес се одржува во салата „Бели мугри“ е наменет за деца и младинци на возраст од 13 до 18 години и вклучува 4 филмски проекции.
Честитка за Светиот Месец Рамазан
Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните на Велес, на сите граѓани со исламска вероисповест им го честитам Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости.
Велешките средни училишта меѓу најдобрите на спортската Гимназијада Тетово 2018

Во периодот од 10-12 мај 2018 год. во организација на Федерацијата на училишен спорт, во Тетово се одржа единаесетата државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада Тетово 2018”.
Старт на работите за бетонирање на улицата „Кирил и Методиј“

На 16 мај годинава (среда) ќе започне реализацијата на градежните работи за реконструкција (бетонирање) на улицата „Кирил и Методиј“. Планираната реконструкција ќе се изврши на потегот од улицата „Климент Охридски“ (кај јаворот) до спојот со улица „Максим Горки“, поточно до месноста викана „Мегдан“.
6 децении уметност на академскиот сликар Ангел Петров

„Ја барам светлината. Светлината е живот како кога се раѓа дете,нов живот-светлина.“
Известување за санација на улицата „Кирил и Методиј“
Општина Велес ја известува јавноста дека санирањето на улицата "Кирил и Методиј" оштетена од поројните дождови е времено решение за заштита на возилата и пешаците.
Најавени нови проекти - продлабочување на соработката со УСАИД
Градоначалникот Аце Коцевски на 11 мај годинава оствари средба со Клинтон Догет, Директор на програмската канцеларија на УСАИД и д-р Слаѓана Србиновска, Менаџер на сектор во УСАИД.
Организацискиот одбор со првична рамка за „Стоби“
Квалитетни претстави според антички текстови, враќање во автентичен амбиент и учество на реномирани театри од европските земји и од Македонија се суштинските насоки што Организацискиот одбор на ИФАД „Стоби“ ги утврди со градоначалникот Аце Коцевски на првата конститутивна седница одржана на 11 мај, 2018, во Општина Велес.
Коцевски избран за претседател на Комисијата за следење на развојот на системот за финасирање на општините во Република Македонија

На 10 мај годинава, во Министерството за финансии се одржа Конститутивна седница на Комисијата за следење на развојот на системот за финасирање на општините во Република Македонија, на која градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски е избран за претседател на комисијата.
Општина Велес домаќин на деновите на хуманоста на Црвениот Крст
На 10 мај годинава, во големата сала на Општина Велес, Општинската oрганизација на Црвениот крст ги одбележа Деновите на хуманоста и солидарноста.