Старт на работите за санирање на раскрсницата на улиците „Борис Трајковски“ и „Методија Андонов Ченто“

Почитувани сограѓани,

Денеска (среда, 30 мај, 2018)  се изведуваат градежни работи на санирање на штетите настанати од поројните дождови на раскрсницата на улиците „Борис Трајковски“ и „Методија Андонов Ченто“.

Повеќе...

Противпожарната единица ќе се засили со нови пожарникари

Територијалната противпожарна единица ќе се засили со нови пожарникари откако Општина Велес доби согласност за вработување и екипирање на единицата. На прес конференција, градоначалникот Коцевски изрази надеж дека новите вработувања ќе придонесат за надминување на проблемите во единицата.

Повеќе...

Разладување ќе има - организиран превоз до езеро Младост за велешани

На прес конференцијата одржана на 29 мај годинава, градоначалникот Аце Коцевски информираше за алтернативни решенија со кои ќе се обезбеди разладување и рекреација за време на летото 2018. „Во врска со состојбите на градскиот базен, мојот став е дека човечкиот живот нема цена и дека не можеме ниту пак смееме да го загрозиме животот на граѓаните, особено кога се работи за деца кои се најчести посетители на базенот.

Повеќе...

Рацинови 2018 со реномирани писатели, Влатко Стефановски и „Љубојна“

Еминентни писатели, поети, академици, нови научни содржини и богата културно - уметничка програма ќе бидат адутите на  Рациновите средби 2018. На прес конференција одржана на 29 мај годинава, Градоначалникот Аце Коцевски ја презентираше програмата на претстојното 55-то издание на културната манифестација „Рацинови средби“.

Повеќе...

Велешани го добија Офицерскиот дом, Прес-конференција на Градоначалникот Аце Коцевски

На седницата одржана на 22 Мај годинава, Владата на Република Македонија го прифати барањето на Општина Велес и одлучи објектот на Офицерскиот дом да го пренесе во сопственост на општината, односно на граѓаните на Велес. Оваа убава вест на прес конференција ја соопшти градоначалникот Аце Коцевски.

Повеќе...

Во чест на Св. Кирил и Методиј - наградени најуспешните наставници и ученици

Лорета Стојановска е најдобар наставник од општинските основни училишта во одделенска настава, Илчо Стојановски – најдобар наставник од основно училиште во предметна настава. Во средното образование, најдобар професор за 2018 година е Филимена Костова. Помеѓу учениците најмногу се истакнаа Ребека Манева и Вероника Гиовска во основно и Никола Стојменов и Михаил Трајков во средно образование.

На свеченоста што во чест на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, на 23 мај годинава се одржа во Општина Велес, наградите на најуспешните наставници и ученици им ги доделија градоначалникот Аце Коцевски и Маја Хеско, претседател на Комисијата за општествени дејности на Советот на Општина Велес.

Повеќе...

Амбасадорот Жбогар со претставници на Владата во посета на Велес

Во рамките на кампањата „Европа за тебе“ во областа на транспортот, Амбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија заедно со Кочо Анѓушев, Вицепремиер за економски прашања, Бујар Османи, Вицепремиер за евроинтеграции, Горан Сугарески, Министер за транспорт и врски и други претставници на Владата на Република Македонија, на 23 мај годинава  ја посетија Општина Велес.

Повеќе...

Покана по повод 24 Мај, Ден на сесловенските просветители - Светите браќа Кирил и Методиј

Почитувани сограѓани,

Ве покануваме заеднички да го прославиме големиот празник и да се поклониме на делото што во завет ни го оставија светите браќа Кирил и Методиј.