Бетониран дел од улица Андреја Дамјанов
Заврши реконструкцијата на дел од улицата Андреја Дамјанов (поранешна Костурска 2). Фирмата изведувач прво изгради потпорен ѕид во должина од 25 метри, а потоа се постави бетонски слој во должина од 120 метри. Со овие зафати заврши првата фаза од реконструкцијата на улицата.
Презентaција на отчет за сработеното на Општина Велес за периодот 2013-2017
Почитувани,
сограѓани, почитувани претставници на медиумите,
Пред нешто повеќе од 4 години, ни ја дадовте довербата да го направиме Велес по мерка на велешани. Да овозможиме во него да растат и работат граѓани кои што својата иднина и иднината на своите деца ќе ја градат тука, бидејќи тука сме се родиле, сме живееле, некои заминале, па се вратиле.
СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА 13-ТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ПАПРАДИШКИ МАЈСТОРИ 2017
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев го отвори 13-тото издание на Ликовната колонија „Папрадишки мајстори 2017“, кое од 19-ти до 27-ми Август ќе се одржува во спомен куќите на Касапови и Џинот. Манифестацијата која започна скромно во 2005-тата година денеска прерасна во една од најпрестижните манифестации од ваков тип во државата.
Фудбалска академија „Нацев“ на прием кај Градоначалникот Чадиев
Настапот на големиот меѓународен турнир во Холцен, Република Чешка е повод за денешниот прием кој го организираше Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев со членовите на Фудбалската академија „Нацев“. Фудбалерите од генерацијата 2005 и 2006 беа најдобри на турнирот и го освоија првото место во конкуренција на повеќе од 30 фудбалски клубови.
ЌЕ СЕ ГРАДИ ВОДОВОД КОН СЕЛАТА РАШТАНИ И БУЗАЛКОВО.
Населените места Раштани и Бузалково ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем. Општина Велес започна со реализција на проектот „Водоснабдување на Раштани и Бузалково“.
Во текот на вчерашниот ден е објавен јавен повик за изградба на овој капитален проект. Јавниот повик е предвиден за првата фаза за што локалната самоуправа има издвоено 10 милиони денари од Буџетот.
Св. Пантелејмон заштитник на Велес
Неговото Блаженство Господин господин Стефан заедно со Митрополит Повардарски господин Агатангел, Митрополитот Иларион и свештеници од Македонската Православна црква во соборниот храм „Св. Вмч. Пантелејмон“ одржаа Ахриерејска Божествена Литургија. Осма година по ред се чествува Св. Пантелејмон како заштитник на градот.
Партерно уредување на улица 11 Октомври
Во завршна фаза е партерното уредување на улица 11-ти Октомври. Градоначалникот Славчо Чадиев со стручните служби од локалната самоуправа денеска беше на лице место и ивршија увид во градежните активности. Воедно се разгораваше со граѓаните кои живеат во непосредна близина околу одредени детали кои може да се изменат за просторот да биде пофункционален. Со бекатон коцки ќе биде опфатена површина од 1150 метри квадратни, во вредност од 1,2 милиони денари, средства од Буџетот на Општина Велес.
Почит за велешките илинденци
Делегациите од Општина Велес денеска им оддадоа почит на борците од НОБ и на Илинденвците. На празникот Илинден прво се посети спомен костурницата, а потоа и споменикот на велешките војводи. Пред присутните беше потенцирано големото историско значење на двата илиндена 1903 - 1944.
Започна реконструкција на урбаната опрема во паркот пред ООУ „Васил Главинов“
Работници од јавното комунално претпријатие Дервен од денеска започна со реконструкција и замена на дел од урбаната опрема во паркот пред ООУ „Васил Главинов“
Санирани се летниковците и клупите. На овој начин се подобруваат условите за одмор и рекреација во едно од најомилените места на граѓаните на Велес.
Распишан оглас за изградба на Покриен градски пазар
Општина Велес преку бирото за јавни набавки распиша јавен оглас за набавка: „Изведба на градски пазар – дел од фаза 1“.
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 21 Август во 12:00 часот во малата сала на Општина Велес. Практично тоа е рокот до кога и сите фирми заинтересирани да учествуваат во Првата фаза во изградбата на Покриениот градски пазар може да достават понуда. Потоа ќе се организира електронска аукција на која ќе се избере најповолната понуда, односно најниската понудена цена.