Усвоен Планот за квалитет на амбиентниот воздух на територијата на Општина Велес (2018-2022)

Планот за квалитет на амбиентниот воздух за територијата на Општина Велес е стратешки допкумент за оцена и подобрување на квалитетот на воздухот во општината.
Во овој План e направена оцена на концентрациите на суспендирани честички-PM10, како и на други загадувачки супстанции во воздухот земајќи ги во предвид податоците од Државниот мониторинг систем на квалитет на амбиентниот воздух и Катастарот за животна средина за територијата на Општина Велес.

Повеќе...

Времените вработувања спротивни на законот

Прес конференција на Градоначалникот Коцевски

Во врска со обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за отпуштање на времено ангажирани лица во општинската администрација Градоначалникот Аце Коцевски денеска одржа прес конференција на која напомена:

Повеќе...

Конституиран Совет за развој на Вардарски плански регион

Деветмината градоначалници од општините кои се дел од Вардарскиот плански регион денеска ја одржаа конститутивната седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. Поради досегашното искуство и фактот дека седиштето на Центарот за развој е во Велес едногласно беше одлучено за претседател на Советот за развој на регионот да биде избранан Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Повеќе...

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс во посета на Општина Велес

Во просториите на Општина Велес денеска се одржа средба на Градоначалниот Аце Коцевски со претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, Бенџамин Перкс. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете институции, а акцент беше ставен и на идните планови во сите области каде може да се соработува.

Повеќе...

Одбележан Светскиот ден на детето

Во Општинското основно училиште „Васил Главинов“ денеска се одржа централната државна манифестација по повод одбележување на Светскиот ден на детето. Целта на одбележувањето е да се сврти вниманието на пошироката јавност за сите обврски кои ги има општеството кон децата, но и за најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Повеќе...

Воспоставена соработка со Виенскиот Дистрикт 10

Во средина богата со етнички заедници, помеѓу 200.000 жители но виенскиот Дистрикт 10, живеат дури 299 семејства со потекло од велешкото село Горно Оризари. Бројот на млади кои постојано целат кон оваа европска метропола расте од ден на ден. Меѓу нив има и такви што завршиле универзитети, магистрирале и се вклучиле во интелектуалните кругови на Виена. 44 –ца се етаблирани бизнисмени со многу постигнати успеси на планот на инвестициите и континуираниот раст. Сите овие податоци му беа предочени на Градоначалникот Аце Коцевски за време на работниот престој во Виена, на 17 и 18 ноември годинава.

Повеќе...

Градоначалникот Аце Коцевски престојува во работна посета на Бошњачката заедница во Виена, Австрија

На покана на здружението   "Интеркултурна иницијатива" предводено од Исмет Мехмедовиќ и здружението  „Глас Оризара“ предводено од Енвер Карталовиќ, Градоначалникот Аце Коцевски престојува во работна посета на Бошњачката заедница во Виена,Австрија. Во рамките на посетата Градоначалникот со делегација на општината оствари средба со Маркус Франц, Градоначалник на Дистриктот 10 во Виена како и со претставници на бизнис секторот во Виена од Бошњачката заедница меѓу кои Сафат Дациќ, Сабо Мехмедовиќ и Менсур Дациќ.

Повеќе...

Jaвна расправа по Нацрт-стратегијата за култура 2018-2022

Во организација на ЗГ „Јадро“ и поддршка на Фондацијата „Отворено општество“ -Македонија, денес во Велес беше организирана петтата по ред јавна расправа по Нацрт-стратегијата за култура 2018-2022. Јавната расправа е една од низата што се одржуваат низ повеќе градови во земјава, а се поддржани од УСАИД-Проектот за граѓанско учество со цел што повеќе чинители во културата да се вклучат во јавната дебата пред конечното донесување на стратегијата за културен развој на земјава за следните пет години.

Повеќе...

Постојаниот координатор на ОН во посета на Велес

На 14 ноември годинава, Градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со г-ѓа Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Република Македонија. Суштинските предизвици во децентрализацијата, фискалната децентрализација, модалитетите на поддршка на општините, рамномерниот регионален развој, развојот на капацитетите на општините во административен, финансиски и технички смисол беа само дел од темите за кои стана збор на средбата.

Повеќе...

Јавна расправа по нацрт-документите за работа на општината

Голем интерес кај граѓаните на Велес за присувство на јавната расправа по нацрт-документите за работа на општината во 2018 година која вечерва се одржа во големата сала. Претставници на граѓанските организации, невладиниот сектор, Урбаните и Месните заедници, спортските клубови и останатите присутни од прва рака ги слушнаа проекциите за работата по сите 14 нацрт-програми во наредната година. Истовремено тие ги дадоа нивните предлози, идеи и сугестии за подобро функционирање на општината преку реализација на проекти од општо добро.

Повеќе...