Изложба, промоција и претстава по повод 9-ти ноември
Во ликовниот салон во Велес, вечерва отворена е изложба на дела од локовната колонија „Папрадишки мајстори“ која традиционално љубителите на уметноста можат да ја видат како дел од одбележувањето на 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес.
На овогодинешната 13-та колонија учество задоа 23-ца уметници од девет земји. Тие во Велес оставија вредни уметнички дела.
Билатерална средба со делегацијата од Слобозија
Градоначалникот Аце Коцевски ја прими делегацијата од збратимениот град Слобозија, Република Романија предводена од градоначалникот на Слобозија Адриан Моциониу.
Долгогодишната успешна соработка и перспективите за продлабочување на пријателството преку конкретни активности и проекти беа во фокусот на средбата.
Како што нагласи градоначалникот Коцевски, соработката со Слобозија е особено значајна на планот на евроинтеграциите и перспективите на Велес и Македонија за динамичен економски и социјален развој.
Одбележан 9-ти Ноември Денот на Општина Велес
Со свечена академија Општина Велес денеска го одбележа 9-ти Ноември. Градоначалникот Аце Коцевски во своето обраќање порача дека Велес има нешто што многу градови во светот го немаат: Неговата културна разноликост, неговите етнички заедници кои овде со векови делат едно небо и една земја. Таа вековна сплотеност може да ни биде адут повеќе на патот кон иднината. Во наредниот период локланата самоуправа ќе работи на реализација на проекти кои ќе значат напредок за градот.
Делегација од збратимениот град Ужице во посета на Велес
Неколку члена делегација од збратимениот град Ужице во чест на Денот на ослободувањето на градот, 9 Ноември се во посета на Општина Велес.
Делегација на Општина Каршијака во посета на Велес
Во посета на Општина Велес по повод Деност на ослободувањето на градот претстојува и делегација на Општината Каршијака од Република Турција, предводена од Суа Барлаки, советник на Градоначлникот на Општина Каршијака. За гостите најпрвин беше организиран прием од страна на градоначалникот Аце Коцевски.
73 години слободен Велес
Делегации од Општина Велес, Сојузот на борците, АРМ, гости од збратимените градови, здруженија, политичките партии и организации денеска оддадоа една минута молчење и положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба. На спомен костурницата се одбележаа 73 години од ослободувањето на Велес.
Делегација од Сојузот на борци на прием кај Градоначалникот
Претставници на „Сојузот на борци“ кај Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. На средбата беше истакнато високото ниво на соработка помеѓу двете институции досега, а воедно се разговараше за реализација на заеднички проекти во иднина. Годинава Општина Велес одбележува 73 години од ослободувањето на градот.
Градоначалникот ги презентираше состојбите и долговите на Општина Велес
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска јавно на прес конференција ги презентираше состојбите и долговите во кој е локалната самоуправа.
Општина Велес во моментов должи 169.197.606 денари или 2.751.180 евра. Најголем дел од 87 милиони денари е кон ЈКП Дервен, а помеѓу поголемите побарувачи се градежните компании и превозниците.
50-ти Детски рацинови средби
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска ги отвори јубилејните 50-ти „Детски рацинови средби“. Во салата „Бели Мугри“ пред присутните тој го изрази своето задоволство од големиот интерес за учество на манифестацијата која ја промовира поезијата, Коста Рацин и секако Општина Велес. На овогодинешните Детски рацинови средби учествуваат 100-тина ученици со нивните ментори од цела Република Македонија. На манифестацијата денеска беа доделени наградите за најдобрите од литературниот и ликовен конкурс.
Конститутивна седница на Советот на Општина Велес
Новиот состав на Советот на Општина Велес денеска ја одржа конститутивната седница. Со 12 гласови „ЗА“ нов претседател е избран Душко Петров, магистер по правни науки од редовите на советничкото мнозинство предводено од коалицијата на СДСМ. Во првата изјава Претседателот на Советот рече дека очекува во наредните четири години Советот на Општина Велес да придонесе градот да стане подобро место за живеење.