Ревитализација на топловодните системи во институциите

Општина Велес согласно Планот за квалитет на амбиентниот воздух интензивно работи на рехабилитација и подготовка на топловодните системи во институциите во нејзина надлежност за предстојната грејна сезона. Во детската градинка „Димче Мирчев“ – клон на ул. „Трајко Панов“ и во музичкото училиште „Стефан Гајдов“ вградени се котли на пелети со можност за користење и на природен гас кога Велес ќе се гасифицира.

Повеќе...

Општина Велес вклучена во проект за јакнење на свеста за правата на бегалците

На 7-ми септември годинава, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со проф. д-р Виолета Петроска-Бешка кодиректор, Рената Дедова и Сафет Балази, претставници на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти од Скопје.

Повеќе...

Градежни зафати во месноста Дворови

Заврши реконструкцијата на улицата Трајко Панов во Дворови. Улицата е во должина од 130 метри и се наоѓаше во доста лоша состојба. Со градежните активности се се отстрани стариот оштетен бетон и улицата се поплочи со префабрикувани бетонски елементи.

Повеќе...

Eкономски развој преку соработка на бизнис секторот со институциите

 

Продлабочувањето на соработката помеѓу бизнис заедницата и државните институции како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа беше во фокусот на четвртата седница на Економскиот совет. На седницата одржана во Општина Велес, на 6 -ти септември годинава, градоначалникот Аце Коцевски укажа на значењето на економскиот совет за зајакнување на соработката помеѓу стопанствениците и надлежните институции кои преку своите олеснувања можат да го поттикнат економскиот раст.

Повеќе...

Волонтерскиот корпус на германската корпорација Хенкел во посета на Општина Велес

Триесетина членови од Волонтерскиот корпус од германската корпорација Хенкел во организација на невладината организација Хабитат – Македонија денес оствари средба со Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Делегацијата беше предводена од тим лидерот на волонтерите од Хенкел, г-н Ханјрих Ант. На средбата присуствуваше и директорот на Хабитат Македонија Зоран Костов.

Повеќе...

Санирани 34 метални столбови во Шорка

Во текот на изминатите денови ,од страна на економскиот оператор беше извршено фарбање на 9- метарски метални столбови за улично осветлување по должината на ул. Вардарска , во месноста викана “ Шорка “ .

Повеќе...

Спасовски во посета на Општина Велес

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денес оствари работна средба со Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, каде стана збор за целокупната безбедносна состојба на територија на Општина Велес, како и за продлабочување на соработката меѓу општинските власти и полицијата. Во составот на делегацијата на министерот Спасовски учествуваше и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Повеќе...

Соопштение за санација на оштетени површини на улица Прохор Пчински

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во среда (05.09.2018) и четврток (06.09.2018) фирмата “Тргоцемент “ од Велес ќе врши санација на оштетените површини околу шахтите по вдолж на улицата Прохор Пчински  што води до црквата Свети Спас.

Повеќе...

77 години од смртта на Коле Неделковски

По повод годишнината од смртта на големиот поет и револуционер Коле Неделковски, делегација од Општина Велес, предводена од Градоначалникот Аце Коцевски положи свеќо цвеќе пред бистата на великанот во ССОУ „Коле Неделковски“. Во рамките на настанот се читаа стихови од негово богато творештво.

Повеќе...

Градоначалникот Коцевски ги посети првачињата

Денес сите училишта во Општина Велес ширум ги отворија своите врати по повод првиот училишен ден во оваа година. Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денес присуствуваше на училишната престава  во ООУ „Блаже Конески“, каде им го честиташе  овој посебен ден за учениците,

Повеќе...