Заплови велешката гемија

Во организација на здружението на граѓани „Вардарска Регата“, со финансиска поддршка од Општина Велес , на 31 август годинава на кејот на Вардар стартуваше 20-то издание на Вардарската регата „Гемиџии“. Велешани имаа можност да присуствуваат на традиционалното запловување на гемијата.

Повеќе...

Американски конгресмени во посета на Општина Велес

Подобрувањето на соработката на локалната со централната власт беа во фокусот на денешната средба на петте американски конгресмени од САД: Бил Флорес, Дејвид Прајс, Дина Титус, Гери Коноли и Сузан Дејвис.

Повеќе...

Поетска вечер во Велес

Во организација на членовите на клубот „Коста Солев Рацин“со поддршка од Општина Велес годинава на 24 август, се одржа културната традиционална манифестација „Велешка поетска вечер“ во рамките на Велешкото културно лето 2018.

Повеќе...

Фестивалска вечер на 39. Меѓународен студентски фолклорен фестивал и во Велес

Овој петок во амфитеатарот во Младинскиот парк Велешани имаа можност да уживаат во звуците и танцот на фолклорните ансамбли кои учествуваа на  фестивалската вечер во рамките на Меѓународниот фолклорен студентски фестивал.

Повеќе...

Се отвори нова градинка во с. Караслари

Отворањето на новата градинка во село Караслари беше во фокусот на денешната посета на министрите за труд и социјална работа и финансии, Мила Царовска и Драган Тевдовски и Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Повеќе...

Ученици од ССОУ „Димитрија Чуповски“ на практична обука во „Агриа“

Средното оштинско училиште „ Димитрија Чуповски“ и агроиндустриската групација „Агриа“ денес покажаа позитивен пример на поврзување на чинителите од образованието и компаниите од реалниот сектор.  Со денешното потпишување на меморандумот за соработка меѓу училиштето и оваа компанија, од оваа учебна година учениците од профилот месопреработувач ќе можат да ја реализираат практичната обука во оваа реномирана компанија.

Повеќе...

Честитка по повод Курбан Бајрам

Почитувани граѓани,

Дозволете ми од мое име и од името на Општина Велес, Вам на припадниците на исламската заедница, да Ви упатам срдечни и искрени честитки по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

Повеќе...

Подобрени условите во Ликовниот салон во Велес

Реконструкција на дел од подните плочки, замена на светилките, молерофарбарски работи- ова беа градежно-занаетчитските работи кој беа извршени во Ликовниот Салон во период на месец јули со финансиска поддршка на Општина Велес, со цел подобрување на условите во мултифункционалниот простор на салонот.

Повеќе...

Алармантна состојбата со мостот кај Башино село

Комплетната дијагностика (мерење на амбиетални вибрации) која денес беше вршена на мостот кај Башино село беше повод на посетата на Градоначалникот Коцевски на оваа локација. Тој изрази сериозна загриженост за безбедноста во одвивањето на сообраќајот на овој мост. За таа цел, преку јавна набавка, Оштината го избра Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии од Скопје целосно да ја испита состојбата со оваа мостовска конструкција.

„Овој дел од патот е многу оптеретен, од пред 10 години има карактер на локален пат иако претходно имаше статус на регионален пат. По добивањето на извештајот од Заводот имаме намера како привремено решение да порачаме проект за санација на мостот. Сериозно сум загрижен, доколку преку стручните наоди се добијат препораки за ограничување на тежината на возилата преку овој мост. Може да замислите што би значело тоа за централното градско подрачје во Велес каде би се пренасочил целиот товарен сообраќај“ - истакна Коцевски.

Мостот датира од 1971г. и бил изграден како времен мост. Но по 47 години употреба веќе е мост од траен карактер на кој има голема френвенција на возила: целиот сообраќај кон Велес, Чашка, Извор и Богомила се одвива по овој мост. По извршените мерења во изминатиот период за време на еден час по мостот поминале околу 39 шлепери, 43 полесни товарни возила и комбиња како и 250 автомобили што е преголема бројка за еден пат од локален карактер. Исто така, овој тип на мостови со мало растојание помеѓу столбовите повеќе не се градат.

Проф.др. Елена Думова Јовановска од Градежниот факултет информираше дека е извршен визуален преглед, а направени се и испитувања на материјалите со мошне сензитивната опрема во соработка со американската компанија „Диџитекс“.
„Општината ќе ги добие нашите согледувања до почетокот на следната недела. Нашите препораки ќе се однесуваат на мерките како одреден период да се обезбеди колку што е можно посигурна употреба на мостот, но трајното решение секако е нов мост“ - рече проф.Јовановска.

Таа истакна дека малите мостови кои се неприметливи во сообраќајот се обично едни од најкритичните точки. Како дополнителен ризик фактор е тоа што Македонија е земја со сеизмички ризик и станува се појасно дека при градење на мостовите и при одржување на постоечките, потребна е посовремена опрема и задолжително вградување на планови за мониторинг.


Градоначалникот Коцевски апелираше до централната власт за итно обезбедување на финансиски средства. Општина Велес веќе оствари средба со Јавното претпријатие за државни патишта, а во наскоро време ќе побара средба и со претставници на Владата на која ќе се разговара за измена на статусот на овој пат во регионален пат. Воедно, ќе бидат побарани и средства за санација на мостот како привремено решение, но пред се итна е потребата од обезбедување на средства за нов мост преку реката Вардар кај Речани со цел трајно решавање на овој проблем и поголема безбедност на сообраќајот на овој патен правец.