Делегација на Општина Велес во посета на збратимениот град Ужице
На покана на претседателот на Собранието на Град Ужице, Бранислав Митровиќ, по повод "Денот на Градот Ужице", делегација на општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски престојува во Ужице, Република Србија каде ќе оствари повеќе билатерални средби.
Нови можности за соработка со Република Словенија
Средбата на градоначалникот Аце Коцевски со претставници на Министерството за надворешни работи на Република Словенија отвори нови можности за соработка. На средбата што се одржа на 5 октомври годинава, Коцевски разговараше со Матијаж Флоријанц Лукан - секретар во Директоратот за меѓународна соработка и хуманитарна помош на Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Гили Вишај - економски советник во Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија и Убавка Јаневска извршен директор на Фондацијата „Фокус“ која спроведуваше проект финансиран од Република Словенија.
Честитка по повод Меѓународниот ден на учителите и Неделата на детето
Драги учители, наставници, просветни работници,
Со благодарност за Вашата посветеност и благородна работа, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот и ви посакувам многу успеси во работата.
Средба на градоначалникот Коцевски со претставници на Светска банка
Фискалната децентрализација, механизмите за капитални инвестиции во општините и управувањето со ризиците од елементарни непогоди беа клучни теми на средбата на Градоначалникот Аце Коцевски со делегација на Светска банка.
Oдбележан Меѓународниот ден на Бошњаците
„Мостови на пријателство“- гласеше мотото на овогодинешната прослава на 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците која се одржа во основното училиште Рајко Жинзифов од с. Горно Оризари. Настанот беше со поддршка на Општина Велес и во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Решение за отпадните води од Горно и Долно Јаболчиште
Градоначалникот Коцевски денеска информираше за решението на најгорливиот проблем за водоснабдување на Велес, отпадните води од Горно и Долно Јаболчиште. „Тоа што успеавме да го направиме преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион пред сé е од суштинско животно значење за нас како граѓани на Општина Велес затоа што се сé позагадени водите кои од хидросистемот „Лисиче“ доаѓаат во нашата пречистителна станица.
Градоначалникот ги презентираше тековните инфраструктурни проекти
На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски презентираше 14 тековни инфраструктурни проекти:
Есен во Велес со Фестивал на пити и вино - Се враќа хуманитарниот карактер на настанот
Традицијата ќе продолжи. Велес и годинава ќе има фестивал на пити и вино кој ќе се одржи од 19 до 21 октомври. Ова на прес конференција го соопшти градоначалникот Коцевски кој апелираше до граѓаните да не наседнуваат на лажни профили што деновиве на мрежата Фејсбук шират дезинформации за учество на турбофолк ѕвезди. Напротив, како што соопшти Коцевски фестивалот годинава ќе се одржи во знакот на македонската музика и нашите музички ѕвезди со многу помалку средства во однос на минатата година. Коцевски ја соопшти програмата на Фестивалот на пити и вино кој годинава ќе се одржува на Ср’маале со штандови на улицата „8 Септември“:
Честитка од градоначалникот Коцевски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
На прес конференција што се одржа на 28 септември годинава, градоначалникот Аце Коцевски упати честитка до сограѓаните од бошњачката заедница по повод Меѓународниот ден на Бошњаците. „Би сакал во мое име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните на Велес, на припадниците од бошњачката заедница од земјава и од странство, особено на нашите сограѓани од Горно оризари и Црквино да им го честитам големиот празник Меѓународниот ден на Бошњаците и да им посакам благосостојба и напредок во сите области од животот и големи успеси во негувањето на јазикот, културата и обичаите на бошњачката заедница во Република Македонија“, рече Коцевски.