19 седница на Советот – образованието во фокусот

Од вкупно 17 точки на дневен ред на 19 седница на Советот на Општина Велес, 15 беа посветени на образованието. На седницата што се одржа на 12 септември годинава, беа разгледани и усвоени годишните извештаи за работењето на основните и средните училишта на подрачјето на општината како и годишниот извештај и програмата за работа на општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски“.

Повеќе...

Еколошка битка за Превалец и населбата Тунел

Како одговор на реакциите на граѓаните за загадувањето од фабриката во Превалец, градоначалникот Аце Коцевски ја извести јавноста за мерките што се преземаат. „По постапката што општината  ја покрена пред Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен како резултат на реакцијата на велешката јавност, министерството за животна средина и просторно планирање ја одзеде еколошката дозвола на КАМЕНОЛОМ ТЕХНО ПАВЕР  од Скопје за фабриката во Превалец.

Повеќе...

Решенија за мостот кај Башино Село

Општина Велес ќе побара од Владата во плановите за инвестиции за наредната година да предвиди изградба на нов мост кој би бил лоциран кај ЈП „ХС Лисиче“. Во меѓувреме ќе се користат неколку алтернативни решенија за намалување на ризиците во сообраќајот на мостот на патниот правец Велес-Башино село. На прес конференција, градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста за критичната состојба на мостот изграден од ЈНА како времен објект пред 47 години.

Повеќе...

Стартува 5. Пливачки маратон на езерото „Младост“

Во сабота, 15 септември 2018, Велес ќе биде домаќин на 5-то издание на традиционалниот пливачки маратон на езерото „Младост“. Деталите за овој значаен спортски настан за јавноста ги соопшти Иле Попов од Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ кој изрази задоволство што се одржува традицијата на маратонот.

Повеќе...

Во сабота-еко акција за почист Велес

Во сабота, 15 септември Општина Велес ќе ја организира третата по ред еколошка акција годинава. Градоначалникот Коцевски  ја извести јавноста дека овојпат Велес се вклучува во глобалните активности за одбележување на Светскиот ден на чистењето. Акцијата во Република Македонија ја координира Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „ГОУ ГРИН“ од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Повеќе...

Рационализацијата неопходна за ефикасно образование

Рационализацијата и решавањето на проблемите со фиктивните работни места се неопходни за ефикасно образование и домаќинско работење смета градоначалникот Аце Коцевски. На прес конференцијата одржана на 12 септември годинава тој укажа дека во минатото во училиштата се создавани работни места за наставници без притоа да се води сметка колкав е реалниот фонд на часови и реалната бројка на ученици.

Повеќе...

Измена на сообраќаен режим во интерес на рекреативците

Од денеска стартува измената на сообраќајниот режим на пристапната улица во градскиот парк. Како што соопшти градоначалникот Коцевски на прес конференција, на барање на граѓаните и рекреативците кои го посетуваат паркот, општината веднаш реагираше согласно законските прописи. „Поставена е вертикална сообраќајна сигнализација, со која се утврдува забрана на движење на моторни возила на оваа улица. Од 12 септември годинава,  забраната за возила  важи со временско ограничување и тоа:

Повеќе...

Позитивни финансиски резултати во вториот квартал од годината

Во вториот квартал во 2018 година, Општина Велес бележи позитивни финансиски резултати. На прес конференција на 12 септември годинава,  градоначалникот Аце Коцевски изрази задоволство што резултатите се многу попозитивни во споредба со вториот квартал минатата година. Тој на јавноста и ги презентираше податоците:

Повеќе...

„Кеги Моби“ - победник на турнирот во мал фудбал „Тунел 2018“

Со финалниот натпревар помеѓу екипите на „Кеги Моби“ и „Фото Студио МС“ денес заврши традиционалниот турнир во мал фудбал Тунел 2018. Во изминатите 18 денови откако започна турнирот, велешани имаа можност да проследат доста квалитетен фудбал на голем број на спортски натпревари.

Повеќе...

Наставници од три европски држави во посета на Општина Велес

Во рамките на проектот ВЕРД –„Нови патишта на образовни истражувања и развој“ наставници од три средни училишта од Португалија, Италија и Романија денес 12 септември ја посетија Општина Велес. Проектот е во рамките на ЕУ програмата Еразмус плус која е наменета за развивање на стратешки партнерства меѓу училиштата.

Повеќе...