Стоби 2018 - настап на Жамбилскиот регионален руски драмски театар

На 28 јули годинава, во античкиот театар Стоби, Жамбилскиот регионален руски драмски театар ја одигра претставата „Нерон и јас“ на Едвард Радзински во режија на Куандик Касимов.

Повеќе...

Општината не му должи ни денар на ГРК „Борец“

На прес конференцијата одржана на 30 јули годинава, градоначалникот Коцевски ги презентираше фактите и актуелната ситуација наспроти обвинувањата дека одбива да му помогне на ГРК „Борец“.

Повеќе...

Бесплатниот автобуски превоз до езерото Младост - поддршка за граѓаните

И покрај навредите и осудите на општината на социјалните мрежи против воведувањето на бесплатниот автобуски превоз до езерото Младост, Градоначалникот Коцевски на прес конференција рече дека очигледно оние што напаѓаат се само сеирџии затоа што вистинските корисници, социјално загрозените граѓани веќе започнаа да го користат автобусот.

Повеќе...

Коцевски со пријави до МВР и Јавно обвинителство за говорот на омраза и навредите на социјалните мрежи

На прес конференција одржана на 30 јули годинава, градоначалникот Коцевски ја извести јавноста за жестоките напади од поединци и профили на социјалните мрежи.

Повеќе...

Илинденскиот коњанички марш и во Велес


По повод големиот национален празник 2-ри Август, Ден на Републиката, Здружението на граѓани „Илинденски марш 78“ и оваа година го организира познатиот традиционален Илинденски коњанички марш од Скопје до Крушево.

Повеќе...

Градоначалникот Коцевски одлучи - помош за настраданите во пожарите во Грција

Градоначалникот Аце Коцевски одлучи да обезбеди помош за настраданите во Грција. Во рамките на своите законски надлежности Коцевски доделува финасиска помош во висина од 50.000 денари како помош и поддршка за настраданите лица во катастрофалните пожари во Република Грција од буџетската става која има право самостојно да ја користи.

Повеќе...

Трет состанок на Економскиот совет

Даночните олеснувања за спонзорства во областа на спортот, студијата за гасификација на Велес и моделите на организација на манифестацијата „Велешка питијада“ беа тема на дискусија на третиот состанок на Економскиот совет што се одржа на 24 јули годинава, во просториите на Општина Велес.

Повеќе...

Публика освоена со молк - во Стоби настапи Ереванскиот државен театар на пантомимата

Без ниту еден изговорен збор актерите на Ереванскиот Државен Театар на Пантомимата од Ерменија, на 23 јули годинава ја воодушевија публиката во античкиот театар Стоби.

Повеќе...

Општина Велес организира бесплатен автобуски превоз до Езерото „Младост“

Врз основа на интересот на граѓаните кои се обраќаат до општината како и врз основа на спроведената анкета на порталот „Ти реков ми рече“ каде 45% од анкетираните граѓани се изјасниле дека би сакале организиран превоз до езерото „Младост“, Општина Велес од сабота (28 јули, 2018) организира бесплатен  автобуски превоз до езерото „Младост“.

Повеќе...