Општина Велес на врвот во државата според индексот на активна транспарентност
Трета година по ред Центарот за граѓански комуникации „Цивика Мобилитас“ објавува Индекс на активна транспарентност со кој се оценува подготвеноста на институциите самите да објавуваат информации за граѓаните без тоа некој да го бара од нив.
Јулие Цезар на сцената во Стоби
На втората фестивалска вечер на ИФАД „Стоби“, на 20 јули годинава Битолскиот народен театар ја изведе претставата „Јулие Цезар“ работена според Шекспир, во режија и сценска адаптација на Златко Паковиќ.
Продлабочување на соработката со Швајцарија
На 19 јули годинава, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со г-ѓа Сибил Сутер Тејада амбасадорка на Швајцарија во Македонија и Дејан Павлески, Заменик министер за локална самоуправа.
Изложба посветена на ИФАД „СТОБИ“
Во организација на Општина Велес и Народниот театар „ЈХК-Џинот“, на 20 јули годинава, во фоајето на театарот беше отворена дигиталната изложбa.
Бои на небото над Стоби – стартуваше 17. Фестивал на античка драма
Театарот се врати во Стоби. Во преполниот антички театар на локалитетот „Стоби“, на 19 јули годинава започна 17 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма.
Фестивалот го отвори Градоначалникот Аце Коцевски кој и се заблагодари на публиката за масовната поддршка на овој театарски спектакл. Особена гордост за Велес е што го имаме единствениот фестивал на античка драма во Македонија и еден од најраритетните во Европа кој ги негува античките текстови стари 2000 години“, рече Коцевски. Тој изрази задоволство што по три години фестивалот се врати во својот автентичен амбиент во Стоби и упати благодарност до покровителите „Маркард“, „Делта Пром“ и поддржувачите на фестивалот Националната установа „Стоби“.
Програмата на фестивалот ја претстави Драган Миладиновски, претседател на Организациониот одбор. „Навистина сум среќен што 17-то издание на фестивалот успеавме да го организираме овде во античкиот театар на локалитетот Стоби“, рече Миладиновски. Публиката ја поздрави и Младен Крстевски, директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Тој го нагласи значењето на овој уникатен фестивал кој за првпат го оживеа античкиот театар во 1992 година, со премиерата на театарската претстава Електра и прерасна во фестивал кој секоја година ја привлекува публиката. Традиционално, фестивалот започна со огномет на небото над Стоби.
Ниту дождот не ја спречи публиката да ужива во комедијата „Лисистрата“ на Аристофан, во Режија на Хакоб Газанчјан и во изведба на Народниот театар „ЈХК-Џинот“. ИФАД Стоби продолжува денеска (20 јули), во 12 часот во Народниот театар „ЈХК-Џинот“ каде ќе биде отворена изложбата „Дневник –татар Џинот во Стоби“ на авторот Сашо Димоски и ќе биде одржана тркалезна маса „Античка плоча“.
Вечерва на локалитетот Стоби настапува Битолскиот народен театар со претстава „Јулие Цезар“. И за вечерва Општина Велес ќе организира бесплатен автобуски. превоз за граѓаните. Поддршка на фестивалот обезбедија и ЈКП „Дервен“ и „Жито“.
Општина Велес домаќин на Форум за децентрализација
Швајцарската програма за поддршка на граѓанските организации „Цивика мобилитас“ денеска во Општина Велес организираше форум посветен на децентрализацијата.
Стартува 17. Интернационален фестивал на античка драма СТОБИ
17-то издание на ИФАД „Стоби“ ќе започне во четврток 19 јули и ќе трае до 29 јули годинава. Ова на прес конференција, на 16 јули годинава го соопшти Драган Миладиновски, претседател на Организацискиот одбор на фестивалот.
Велешани ја прославија поканата за НАТО
Во преполниот амфитеатар на Младинскиот парк, на 14 јули годинава се одржа прослава по повод поканата за членство во НАТО. На Велешани им се придружи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој изрази задоволство што се наоѓа во својот роден град и што радоста за поканата за членство може да ја сподели со своите сограѓани.
Промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“
Во присуство на граѓани, претставници на Министерството за труд и социјална политика, СОС детското село и канцеларијата на УНИЦЕФ, локални установи и здруженија на граѓани, на 12 јули годинава во Младинскиот парк беше промовирана кампањата „На секое дете му треба семејство“.
Велес го чествува Панко Брашнар
Во организација на Општина Велес, на 13 јули годинава беа одбележани 135 години од раѓањето и 65 години од смртта на Панко Брашнар.
На свеченоста која се одржа пред споменикот на Панко Брашнар во близина на гарнизонот „Алексо Демниевски-Бауман“, букети цвеќе положија делегации на Општина Велес, семејството на Панко Брашнар, ОО на Сојузот на Борците, АРМ и локални установи. За делото на Панко Брашнар пред присутните говореше д-р Анита Василкова Мидоска, директор на Народниот музеј-Велес.