Велес се зачлени во ЦИВИНЕТ мрежата на Словенија, Хрватска и Југоисточна Европа


Велес се зачлени во ЦИВИНЕТ мрежата за урбана мобилност на Словенија, Хрватска и Југоисточна Европа, во која членуваат 143 градови и организации. На редовното собрание на мрежата што се одржа во Крушевац, Србија на 23 февруари годинава, Градоначалникот Аце Коцевски ја прифати заедничката политичка изјава на мрежата која ја поддржува иницијативата за трајно финансирање од страна на Европската комисија. Фокусот на мрежата е изработката на План за одржлива мобилност како основа за конкретни активности за почист и подобар сообраќај и заштита на животната средина.

Повеќе...

Прес конференција на градоначалникот Коцевски

Најавени решенија за најголемите проблеми на велешани

Велес ќе добие нови јавни претпријатија за гас и паркинзи. Ова на прес конференција одржана на 22 февруари годинава го најави Градоначалникот Аце Коцевски. „Одлучив со голема поддршка на членовите на Локалниот економски совет на следната седница на Советот на Општина Велес да предложам формирање на јавно претпријатие „Велес- гас“ што ќе го води процесот на гасификација на Велес. Со гасификацијата на Велес ќе се направи огромна заштеда на финансиски средства и се разбира голем бенефит ќе имаме заради заштитата на животната средина“, рече Коцевски.

Повеќе...

Гасификацијата приоритет за велешкиот бизнис

Заклучокот од втората седница на Локалниот економски совет е дека гасификацијата е најприоритетниот проект за Велес и дека бизнис секторот во целост ќе ги поддржи сите активности за гасификација на Велес.

Повеќе...

Велес прва општина во агендата на Амбасадорот на Република Словачка

Зајакнувањето на релациите со Република Словачка особено на планот на економијата, инвестициите и бизнис партнерствата ќе бидат приоритет во билатералната соработка. Ова на средба во Општина Велес го договорија градоначалникот Аце Коцевски и Амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.

Како што нагласи амбасадорот Маркуш, не случајно Велес е првата општина која ја посетува од неговото назначување на функцијата. Географската положба, перспективите за развој и културниот контекст се адутите на Велес за развој на оваа значајна соработка.

На средбата што се одржа на 16 февруари годинава во кабинетот на Градоначалникот, Коцевски ги презентираше перспективите за одржлив развој на Велес и го претстави богатото културно и историско наследство.

Во понатамошниот период, соработката ќе продолжи, прво на економски план, со фокус на развојот на индустриските зони. Како што нагласи и Амбасадорот Маркуш со потенцијалите на индустриските зони ќе биде запознат и бизнис секторот во Република Словачка.

Стартува проектот за развој на капацитетите на Советот на oпштината

Колкави се капацитетите на советите на општините да излезат во пресрет на барањата и потребите на граѓаните и да обезбедат највисоко ниво на отчетност и транспарентност во трошењето на јавните средства? Овие клучни прашања од интерес за граѓаните се во фокусот на проектот „Зајакнување на општинските совети“ на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Повеќе...

Средба на Градоначалникот со Амбасадорот на Република Чешка

На 7-ми февруари годинава, Градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан. Амбасадорот за првпат е во официјална посета на Велес од неговото назначување на мисијата пред 4 месеци.

На оваа прва можност за соработка, Градоначалникот Коцевски го претстави историјатот, богатото културно наследство и економските перспективи на Велес и изрази подготвеност за интензивирање на соработката на економски план.

Повеќе...

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

Градоначалникот Аце Коцевски на 5-ти февруари годинава оствари работна средба со Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Иштван Дукс и економскиот советник Ервин Сел.

На средбата беа разгледани инвестициските можности и приоритетни проекти меѓу кои пречистителната станица со колекторски систем, регионалната фабрика за третман на цврст комунален отпад, изградбата на три мали хидроелектрани и производство на електрична енергија за користење на водите на реките Врановска и Тополка како и развојот на индустриската зона „Мамутчево“.

Повеќе...

Велес се вклучува во програмата РОМАКТЕД на Советот на Европа

Во пресрет на официјалниот старт на активностите на  регионалната програма на Советот на Европа ROMACTED во земјите на Западен Балкан, градоначалникот Аце Коцевски на 2-ри февруари годинава оствари средба со Хадис Реџепи, проектен раководител на програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, извршниот директор на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ и членови на проектната канцеларија. 

Повеќе...

Градоначалникот Коцевски во работна посета на општините пријатели Медијана и Врање-Србија 

На покана на Небојша Коциќ, Градоначалник на Општина Медијана, Ниш- Србија, Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на 31 јануари годинава, престојуваше во работна посета на Медијана. Во контекст на перспективите за размена на искуства, вмрежување и заеднички активности, Градоначалникот Коцевски ја нагласи можноста за пренесување на искуствата во областа на информатичката технологија и управувањето со квалитет, области во кои Општина Велес предничи како една од водечките во Македонија.

Повеќе...

Градоначалникот Коцевски во официјална посета на општина Медијана, Ниш, Србија

Градоначалникот Коцевски во официјална посета на општина Медијана, Ниш,Србија. Соработката во областа на екологијата и управувањето со отпад, бизнис сектор,младите,културата се дел од темите на разговор со домаќинот, Небојша Коциќ, градоначалник на Медијана.

Повеќе...