Соопштение - Коледарски огнови
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Предмет: Коледарски огнови
Во пресрет на одбележување на Коледе и Бадник, согласно препораките кои на седница ги дискутираше и ги посочи Советот на Општина Велес (како дел од) а се однесуваа на мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, при палење на коледарските огнови (на било која локација во градот или во околината) (најостро) најстрого се забранува користење на несоодветни и опасни материјали како: гуми, пластика, делови од мебел, материјали премачкани со боја и лепило, отпадно масло од автомобили и слично.
Градоначалникот Коцевски во посета на првото родено дете во 2018
Првото бебе кое се роди во 2018 година во Општата болница во Велес е женско. За мајката Наиме Алиова од Горно Јаболчиште тоа е четврта рожба. Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска ги посети мајката и детето. Традиционално им подели подароци. Во оваа прилика им ја честиташе Новата 2018 година и им посака многу здравје, среќа и бериќет.
Доделени награди и признанија за најдобрите спортисти за 2017
Кајакарот на клубот Вардар од Велес Енис Небиовски е избран за најдобар спортист на град Велес на изборот кој традиционално го организира Сојузот на спортови поддржан од Општина Велес. Тој во годината која е зад нас стана Државен сениорски првак во к1.Вице првак во 3хк1,учесник на европското во тимско возење – 7 место, 8 место на светското првенство во тимско возење, прво место на Велес опен, победник на илинденски кајак слалом Велес, трето место на отворено првенство Велес.
Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на Град Велес
Врз основа на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на Град Велес, правните и физичките лица можат да вршат достава на стока во определените зони во следните временски интервали:
Градоначалникот Коцевски претседавач со Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион
Одржана првата и конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион.
Откако прво се избра верификациона комисија која го потврди мандатите на градоначалниците од осум општини кои го сочинуваат ова тело, бидејки општина Свети Николе со одлука е вклучена во Источниот регион, се пристапи кон избор на претседавач. Едногласно поддршката ја доби Градоначалникот на Општина велес Аце Коцевски.
Советот за развој на Вардарски регион ја одржа 2-та седница
Градоначалниците од Вардарскиот регион во Центарот за развој со седиште во Велес, ја одржаа 2-та седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. Дневниот ред имаше пет точки.
Присутните се запознаа со пректот „Воспоставување на ЛЕАДЕР пристапот во Вардарскиот плански регион“, кој го презентираше претставникот од Асоцијацијата за иновации во руралната средина. Овој проект е поддржан од Швајцарската амбасада и се реализира во сите плански региони во државата.
Новогодишна свеченост – Општина Велес додели награди и стипендии
Во просториите на Општина Велес, денеска се одржа традиционалната новогодишна свеченост на која градот им се заблагодари на поединци или организации кои во изминатата 2017 оствариле резултати или ангажман со кој се издвојуват од останатите. Во своето обраќање пред присутните Градоначалникот Аце Коцевски порача дека 2017 Година беше многу тешка година, политички турбулентна година со многу ризици и неизвесности, година која треба што побрзо да ја заборавиме, и да посакаме да не ни се повтори.
Новогодишна свеченост на Општина Велес
Почитувани,
Општина Велес Ве поканува да бидете дел од новогодишната свеченост која ќе се одржи на ден 28.12.2017 год. (четврток) во ГОЛЕМАТА САЛА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС со почеток во 14:00 часот.
Младиот научник Тони Тодоровски на средба со Градоначалникот Коцевски
Градоначалникот Аце Коцевски денеска оствари средба со др. Тони Тодоровски, добитник на наградата Благодарница 9-ти ноември.
Тодоровски кој живее Барселона Шпанија каде работи на Институтот Биомедицински истражувања деновиве престојува во својот роден Велес. Денешната средба беше прва можност Градоначалникот Коцевски да се запознае со овој млад научник кој го промовира Велес во Европа.
На јавна расправа Градоначалникот ја претстави визијата за Велес
Во просториите на Општина Велес денеска се одржа Јавната расправа „Визија за Велес“. Пред голем број на граѓани, Градоначалникот Аце Коцевски понуди нови, модерни и современи решенија за многу објекти во сопственост на општината кои во моментов се целосно неискористени, оставени на забот на времето или пак само делумно се користат. Во презентацијата се посвети внимание на одржливоста на објектите, енергетската ефикасност, инфраструктурата, интернакцијата и други фактори.