СЕЛЕКТИРАЈТЕ ИДНИНА – ПРОНАЈДЕТЕ ГИ ЗЕЛЕНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СТАКЛО

Потрудете се секое парче отпадно стакло од вашите домови или објекти да заврши на соодветно место. Пронајдете ги зелените контејнери и во нив фрлете ја стаклената амбалажа.

Општина Велес ве повикува да селектирате. Во соработка со ЈКП Дервен со сметките за комунални услуги до сите домаќинства, фирми и организации се дистрибура флаер во кој се објаснети придобивките од селектирање на стаклена амбалажа и локации каде има поставени контејнери.

Повеќе...

ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ПОКРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Вработени во ЈКП Дервен, работна единица - Јавна чистота, денеска реализираат акција на Езеро Младост. Се чисти просторот околу летниковците, кој е најискористен од граѓаните, крајбрежниот појас и покрај патот кој води до мотелите и сателитската населба.

Повеќе...

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖУВА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Општина Велес се вклучува во Акцијата „Часот на планетата земја“, кој се одбележува во сабота на 24-ти март.

Со едночасовно исклучување на светилките од 20:30 до 21:30 часот, во Младински парк, на мостот Гемиџии, Мало мовче и на платото пред Основниот суд ќе биде упатена пораката до велешката јавност за подигнување на еколошката свест кај населението и за зачувување на планетата земја.

Повеќе...

Вторник – отворен ден за средби со Градоначалникот

Од утре 20-ти март 2018 година, граѓаните на Општина Велес директно ќе можат да му ги соопштат нивните проблеми на градоначалникот Аце Коцевски.

Приемот на граѓаните кај Градоначалникот ќе се организира секој вторник од 08:00 до 11:00 часот, во просториите на Општина Велес, со исклучок на деновите кога тој има неодложни обврски надвор од Велес.

Повеќе...

ПАМЕТНИТЕ ГРАДОВИ ТЕМА НА СОРАБОТКА СО СЛОВЕНИЈА

Амбасадорот на Република Словенија Милан Јозбец, на 16-ти март годинава го посети Велес. Во рамките на посетата на Општина Велес тој оствари средба со градоначалникот Аце Коцевски. Во фокусот на интересот беа потенцијалите за продлабочување на соработката со словенечките општини на тема паметни градови и одржлива урбана мобилност.

Повеќе...

Одбележан Денот на крводарителството

Во малата сала на Велешкиот театар Џинот денеска се одржа свеченост по повод одбележување на 17-ти март, Ден на Црвениот крст на Република Македонија и Ден на доброволното дарување на крв.

На Манифестацијата присутни беа крводарители, гости, соработници на општинската организација на Црвен крст, добитници на јубилејни признанија.

Повеќе...

Градоначалникот Коцевски во посета на Маркард

Маркард инвестира во младите велешани
Софистицирана опрема, производство по највисоките европски стандарди, производи за реномирани компании како „БМВ“, „Фолксваген“, „Јагуар“, „Ауди“, „Сканија“, најсовремено планирање и стандарди за квалитет, сето ова како пријатно изненадување имаше можност да го види градоначалникот Аце Коцевски на средбата со домаќинот Волфганг Ајхер, генерален менаџер на „Маркард-Македонија“.

Повеќе...

ОФИЦИЈАЛНО- ВЕЛЕС СО ДВЕ НОВИ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

На 14 март годинава, во рамките на 12-та седница Советот на Општина Велес ги донесе одлуките за основање на две нови јавни претпријатија ЈП за енергетика „Велес гас“и ЈП „Велес- паркинг“. Предлозите на градоначалникот Аце Коцевски за основање на двете јавни претпријатија ги поддржаа  мнозинството советници.

Повеќе...

Историски одлуки за Велес

12-та седница на Советот на Општина Велес одржана на 14 март годинава по многу нешта е историска и за сегашноста и за иднината на Велес. За првпат од основањето на општината на предлог на градоначалникот Аце Коцевски советот донесе одлука за изработка на две клучни стратегии со кои се исцртува иднината на Велес. Стратегијата за развој  „Велес – паметен град”, 2018 – 2030 и Планот за одржлива урбана мобилност на Велес 2018 – 2030, имаат за цел Велес да го трансформираат во една од водечките општини во Македонија и регионот на планот на обезбедување на паметни, квалитетни и енергетски ефикасни услуги кон граѓаните.

Повеќе...

НЕОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ: Контејнер фрлен на железничка пруга

Продолжува неодговорното однесување на дел од граѓаните на Велес. Во текот на вчерашниот ден регистрирана е една многу несекојдневна ситуација. Контејнерот наменет за собирање на комунален отпад, поставен на паркинг просторот спроти Локалната библиотека „Геце Делчев“ засега непознати сторители го фрлиле на железничката пруга Велес – Гевгелија.

Со оваа постапка е загрозено нормалното одвивање на железничкот сообраќај, а дополнително е загадена животната средина бидејки целиот отпад од контејнерот, кој очигледно бил полн, сега е расфрлан во непосредна близина.

Повеќе...