ПРОДОЛЖИ ЧИСТЕЊЕТО НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ВЕЛЕС
Работници од ЈКП Дервен ја чистат една од најжешките еколошки точки во градот. Се работи за дива депонија која е во непосредна близина на спојот помеѓу улиците „Коле Неделковски“ и „Архиепископ Михаил“ над градскиот саат.
Дворовите на училиштата исчистени од отпад
Учениците, наставниците и техничкиот персонал од сите основни и средни училшта во Општина Велес се приклучија на еколошката акција „Не валкај – разубави“.
Во денот кога се реализираше акцијата тие беа ангажирани во кругот на училиштата. Со гребла, копачи, лопати, метли и друг алат го собираа фрлениот отпад од површините. Просечно, активностите се изведоа во времетраење од два часа.
Екипата на Проверено „апансас“ во Велес
Истражувачките новинарки Сашка Цветковска и Маја Јовановска со техничка екипа на 9-ти март годинава ненајавено или како што велат велешани „апансас“ го посетија градоначалникот Аце Коцевски во неговиот кабинет. Како што го информираа Коцевски посетата беше дел од потрагата по информации за достапноста и отвореноста на народните избраници.
Eколошка акција - за два часа собрани 140 м3 смет
Околу 200 вработени во општинската администрација и ЈКП „Дервен“, наставници и ученици во основните и средните училишта и претставници на граѓанскиот сектор, предводени од градоначалникот Аце Коцевски за два часа собраа 140 м3 смет. Градоначалникот Коцевски позитивно ја оцени пролетната еколошка акција „Не валкај-разубави“ организирана на 10-ти март годинава.
Велес меѓу првите со план за одржлива урбана мобилност
На прес конференцијата одржана на 8-ми март годинава, Градоначалникот Коцевски најави дека на претстојната седница на советот ќе предложи одлука за изработка на план за одржлива урбана мобилност. „Тој претставува стратешки документ чија цел е да се подобрат условите за живот на граѓаните со обезбедување на поголема мобилност на граѓаните, на јавниот и на деловниот сектор.Овој план ќе ги следи најновите светски и европски трендови на промена на начинот на планирање на сообраќајот. Наместо автомобилите на прво место ќе се стават пешаците, потоа велосипедистите, па јавниот превоз и на крај користење на автомобилите на одржлив начин.
Велес ќе добие стратегија за развој „Паметен град“
На денешната прес конференција Градоначалникот ја извести јавноста дека до Советот на Општина Велес доставил предлог одлука за изработка на документ, Велес паметен град – Стратегија за развој 2018-2030. Паметен град е град што ја користи информатичко комуникациската технологија за подобрување на квалитетот на живот на своите граѓани, за зголемување на достапноста, за подобрување на квалитетот на јавните услуги, за зголемување на конкурентноста со обезбедување на потребите на сегашните и идните генерации со одржлив развој на стопанството и со искористување на ограничените ресусрси и со зачувување на животната средина.
Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод 8-ми Март
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, на припадничките на понежниот пол им го честиташе 8-ми Март, меѓународниот ден на жената.
Акција, Не валкај - разубави!
Почитувани сограѓани,
Општина Велес Ве поканува масовно да се вклучите во акцијата за чистење на градот
што ќе се одржи на 10-ти март, 2018 година (сабота) со почеток во 9 часот
Собирни пунктови Стар мост, Градски стадион и игралиштето во населбата „Тунел
Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски
На денешната прес конференција Градоначалникот Аце Коцевски, на припадничките на понежниот пол им го честиташе 8-ми Март, меѓународниот ден на жената. „Порачувам жените уште повеќе да се борат за поголеми политички, економски и социјални права во нашето општество и за поголемо учество на жените во политичкото одлучување и во раководењето на фирмите и со јавните институции. Посакувам да бидат рамноправен столб во општеството како што се и во нивните семејства„ истакна Коцевски.
Се бетонира улицата „Тодор Јанев“
Одделението за комунална инфраструктура при Општина Велес работи на реализација на проект за бетонирање на дел од улицата „Тодор Јанев“ во должина од 220 метри (од спојот со улица „Сараевска“ до спојот со ул. „Стеван Бобев“).