Доделена хуманитарна помош за социјално загрозените семејства

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска го реализираше ветеното. Финасиските средства наместо за новогодишни прослави, Општина Велес ги искористи во хуманитарни цели.
Пакети со прехрамбени продукти, средства за хигиена и чек во вредност од 2000 денари добија 40 семејства од Велес кои Меѓуопштинскиот центар за социјални работи ги посочи дека живеат со минимелни финасиски средства.

Повеќе...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ОТЧЕТОТ ЗА 2016 ГОДИНА

Почитувани,
Отчетноста и транспарентноста,сенашите главни одлики. Денеска пред Вас медимите и пред јавноста сакаме да презентираме отчет за сработеното во 2016, но и да ги преземтираме најзначајните-капитални проекти кои ги предвидовме за реализација во 2017.
Во оваа година успешно завршивме 114 проекти од кои директна корист имаат сите граѓани на Велес.

Повеќе...

Пакетчиња за Здружението на лица заболени од церебрална парализа

Членовите на „Здружението на лица заболени од церебрална парализа“ денеска ја одржаа традициналната предновогодишна средба. На средбата присувствуваше и Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. Тој на сите им подели новогодишни пакетчиња. Општина Велес и годинава продолжи да го реализира акциониот план за лицата со посебни потреби.

Повеќе...

Изложба „Рефлексии на херметичноста

Во ликовниот салон во Велес вечерва отворена изложбата „Рефлексии на херметичноста“. Љубителите на уметноста ќе можат да ги погледнат сликите и скулптурите од двајца автори – академскиот сликар Глигор Васков и академскиот скултор Ангел Коруновски. Изложбата содржи 50-тина дела, најмногу апстрактна уметност за која авторите пронашле инспирација од многу внатрешни и надворешни фактори.

Повеќе...

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД МЗ „СЛИВНИК”

Во текот на денешниот ден градоначалникот Славчо Чадиев оствари средба со жителите од Месната заедница „Сливник”. На средбата градоначалникот ги запозна жителите со предвидените проекти кои треба да се реализираат во оваа месна заедница и се од инфраструктурен карактер.

Повеќе...

Првата официјална посета на Јапонскиот амбасадор во Велес

Првиот амбасадор на Јапонија во Република Македонија, ја избра Општина Велес да биде неговата премиерна дестинација. Амбасадотор Кујоши Коинума оствари средба со градоначалникот на Општина Велес,

Повеќе...

СЕ МЕНУВА КРОВОТ OД ЗГРАДАТА НА ПОРАНЕШНОТО УЧИЛИШТЕ „ЈХК ЏИНОТ” КАДЕ ЌЕ БИДЕ СМЕСТЕНА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА И ЦЕНТАРОТ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

Денеска беа отпочнати со реализација на градежните активности за реконструкција на кров на поранешното основно училиште „Јордан Х.К. Џинот”, кој како јавен објект е во сопственост на Oпштина Велес. Дел од оваа зграда во следниот период се планира да прерасне во детска градинка со што ќе се задоволи зголемената потреба за згрижување на деца. Горниот кат ќе биде наменет за Центарот за граѓански организации кои работат со лица со попреченост.

Повеќе...

ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ОТКАЖУВА ОД НОВОГОДИШНИ ПРОСЛАВИ. СРЕДСТВАТА ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ВО ХУМИНАТАРНИ ЦЕЛИ

Локалната самоуправа оваа година нема да организира прослава за одбележување на Новата Година. Одлучено е планираните средства да бидат донирани во хуманитарни цели.

Повеќе...