Заврши асфалтирањето на улица Орце Шутев
Улицата Орце Шутев има целосно нов лик. Заврши асфалтирањето на делот каде претходно беше заменета водоводната мрежа. Асфалтен слој има на површина од 1200 метри квадратни. Освен улицата се уреди и малиот плоштад со летниковец. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска присувствуваше на завршување на асфалтерските работи.
Целосно е реновирано ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Заврши реконструкцијата во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“. Во последната фаза се изврши обнова на фасадата на стариот објект, а се заменија и подовите во 15 училници. Градежните зафати се извршија заеднички со Министерството за образование. Инвестицијата изнесува 3,3 милиони денари, средства кои се дел од проектот „Реконструкција на средни и основни училишта во Република Македонија“ Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев со директорката на институцијата, Анита Мирчева извршија обиколка на објектот. При тоа констатираа дека градежните зафати се извршени според сите стандарди, а со тоа значително се издигнати условите за настава на многу високо ниво.
Се асфалтира улицата Орце Шутев
Механизација и работници од фирма изведувач денеска изведуваат градежни активности на улицата Орце Шутев, од левата страна на градот. Таму се поставува асфалтна подлога во должина од околу 180 метри, на вкупна површина од 1200 метри квадратни. Во текот на денов ќе биде асфалтирана улицата и плоштадот „Варналиите“. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска беше на лице место и изврши увид во активностите.
Општина Велес додели признанијата за најдобри наставници
Општина Велес и оваа година ја продолжи традицијата и им оддеде признанија на најуспешните просветни работници од основното и од средното образование.
Германска инвестиција во Велес
„Лутекс Македонија“ дел од Германската „СТС Текстајлс“ Групација, официјално започна со работа во погоните на некогашниот свиларски комбинат „Нонча Камишова“. Во моментов во „Лутекс“ работат 20-тина вработени кои изработуваат производи од индустриски текстил. Од менаџментот на фабриката потврдуваат дека до крајот на годинава обемот на производство ќе биде зголемен за пет пати, а со тоа и бројот на вработени ќе достигне до 100. Во наредните пет години компанијата има план да вработи до 1000 лица. Германската инвестиција досега иснесува 3 милиони евра.
Одбележан денот на пожарникарството
Во Територијалната противпожарна единица од Велес денеска одбележан Денот на пожарникарството. Во присувство на Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, командирот на единицата Љупчо Лепидовски и останати гости, пожарникарите изведоа две показни вежби. Правилно пристапување и гасење на пожар, како и извлекување на лице од запален автобус. Територијалната противпожарна единица денеска додели плакети и прогодни подароци со што им се заблагодари на дел од институциите и медиумите за добрата соработка во изминатава година.
Ученици од Новогард, Полска во посета на Општина Велес
Делегација составена од ученици и наставници од училишниот центар „Станислав Сташица“ од градот Новогард Република Полска, во посета на Општина Велес. Таа е дел од соработката со збратименото ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес. Денеска остварија средба и со Градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата тој им посака да го запознаат градот и велешани, да направат добри спомени со кои ќе се вратат дома. Соработката која трае цели осум години вклучува посета на учениците од Полска во Велес и обратно.
УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ГАБАРИТЕН ОТПАД
Како многу успешна се покажа Пролетната акција за собирање на габаритен отпад. Од домовите во Велес беа собрани 150м³ отпад што е двојно повеќе од 2016г. кога беа собрани 70м3 габаритен отпад. Собраниот отпад се депонираше на посебно определен простор на градската комунална депонија.
Дел од акцијата беа 112 домаќинства во периодот од 10-ти Март до 10 април 2017г. пријавија во ЈКП Дервен потреба од предавање на габаритен отпад.
Мото собир со големо дефиле во ВелесAlbums
По осми пат се одржа „Мото парти“ во Велес. И годинава во организација на мото клубот „Носачи на крстот“, а поддржани од Општина Велес. На овогодинешното издание пристигнаа 2000 моторџии од целата држава, но и од соседството. Традиционално се одржа и дефиле по улиците на градот, а делегација од учесниците положи венец пред споменикот на Велешните илинденци.
ОТВОРЕН СПОРТСКИ ДЕН СО НАЈМЛАДИТЕ ОД ВЕЛЕС
Сојузот на училишен спорт на Велес во соработка со Општина Велес и вработените при ОЈУ ДГ “Димче Мирчев“ на 19.5.2017 год. (петок) на градскиот стадион во Велес организираа ОТВОРЕН СПОРТСКИ ДЕН на град Велес. Отворениот спортски ден се реализираше на теренот на градскиот стадион кој беше претворен во еден голем комплекс на станици на кој што учество земаа повеќе од 300 деца на возраст од 5 до 6 години од сите шест објекти на ОЈУ ДГ “Димче Мирчев“ спортуваа и се забавуваа.