По 13-ти пат манифестација „Велигденско јајце“
Во младинскиот парк се одржа 13-тата по ред манифестација „Велигденско јајце“. Тоа е традиционална манифестација која општината започна да ја одржува од 2005 година. Како и секоја година така и овојпат на манифестацијата учествува сите основни и средни училишта од Општината, Детските градинки, Интернатот и невладините организации кои се одзваа на поканата. Целта на манифестацијата е да се негува традицијата, обичаите, културата, верата. Истовремено преку ваквите манифестации се развива креативноста кај децата.
Велигденска работилница за лицата по посебни потреби
Претставници од клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст и штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби од Велес денеска ја одржаа традиционаната велигденска работилница. На работилницата тие заеднички украсуваа велигденски јајца.
Просветните работници во посета на училиште во Врапчиште
Директорите на училиштатата од Велес и наставниците одговорни за реализацијата на проектот за „Меѓуетничка интеграција во образованието“ со Општинскиот инспектор за образование и претставници на општинската администрација присувствуваа во Основното училиште „Врапчиште“ во Општина Врапчиште. Целта е да се разменат искуства со ова училиште во кое наставниот процес се одвива на три јазици: Македонски, Албански и Турски.
Одбележан Светскиот ден на здравјето
Во Општата болница во Велес денеска се одбележа 7-ми април Светскиот ден на здравјето. Согласно насоките на Светската здравствена организација се одржа предавање на тема депресија, а присутните гости и персоналот на институцијата проследија кратка презентација за сите градежни зафати, реконструкција на одделенијата и набавката на опрема во изминатите неколку години.
Значително подобрена комуналната инфраструктура во Општина Велес
Станува збор за реализација на проектот: Изградба на водоснабдителен систем за Индустриска зона Речани 2 со прстенасто поврзување со водоснабдителниот систем на езеро Младост. Се работи за потег или нова водоводна линија која има вкупна должина од 1,3 километри. Со новоизградената водоводна линија која оди се до крстосницата во близина на Башино село, се воспостави кружен тек на водоснабдување и се создадоа услови за приклучување на поголем дел од жителите на населба Речани и објектите во индустриските зони Речани 1 и Речани 2 кон градскиот водосбадителен систем.
Заврши проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“
Целта е постигната. Училиштата реализираа соработка на повеќе полиња. Учениците се дружеа меѓусебно, се запознаваа и ги срушија бариерите кои постоеја помеѓу нив. Во ССОУ „Коле Неделковски“ денеска се одржа завршната манифестација во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“. Голем е бројот на активности кои училиштата ги реализираа. Се што работеа изминатата учебна година, тие покажаа на едно место,заеднички пред останатите ученици.
Велес се зазеленува
Започна пролетното засадување на нови дрвца во Велес. Активностите кои ги спроведува ЈКП Дервен стартуваа од улица Индустриска. Таму се засадени 38 зимзелени дрвца од видот „смарагдна туја“. Истовремено се инсталираше и систем за наводнување.
Засадувањето на дрвца е согласно годишната програма за работа на Општина Велес во 2017 во делот кој се однесува на подигнување нови зелени површини. Со истата е предвидено на повеќе локации во градот да се засадат околу 380 дрвца.
Младински парк во сино за денот на аутизам
Да се подигне свеста за аутизмот, за животот на граѓаните кои се болни од ова заболување. Тоа е целта на вечерашната манифестација на Светскиот ден на аутизмот 2-ри април. За визуелно поголем ефект светлата во младинскиот парк светеа во сина боја. Истовремено имаше и видео проекција филмот „Јас и мојот аутизам“. На овој начин Велес по четврти пат се вклучува во светската кампања за подигнување на свеста за аутизмот. Втора година во сино боја е осветлена фонтаната во младиснки парк ,а претходно две години беше театарот.
Амбасадорот на Словачка во посета на Велес
Словачкиот амбасадор во Република Македонија, Мартин Безек денеска во посета на Општина Велес и Градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата се дискутираше за повеќе теми, но акцентот беше ставен на идната соработка помеѓу овие институции, како и за можноста реномирана компанија од Словачка да отвори фабрика во општината. На денешниот состанок беа отворени уште многу актуелни теми од општествениот живот, а се разгледаа можностите за соработка на Велес и градови од Словачка на повеќе нивоа.
Потпишан меморандум за соработка за децата на улица
Во просториите на Општина Велес денеска потпишан меморандум за соработка со кој се предвидува унифициран и стандардизиран начин на постапување со децата на улица. Целта е нивна заштита, отргнување од улицата и целосно вклучување во општеството. Меморандумот за соработка освен Општина Велес го потшишаа и: Јавната установа Меѓуопштински центар за Социјална работа, Јавната здравствена установа Здравствен дом, Министерство за внатрешни работи Сектор за внатрешни работи, Јавната здравствена установа Општа болница.