Спортот – предизвик за најмладите
Проектот што петта година по ред се реализира во ОЈУ ДГ „Димче Мирчев“ од областа на спортот има за цел да ги запознае децата со сите спортови и со спортските терени во градот. Децата од градинката се запознаа со спортовите на вода. Во тоа им помогнаа велешките кајакари и спасителите од Црвениот крст.
Регионите на конференција за управување со отпад
Градоначалникот на Општина Велес и Претседател на Вардарскиот плански регион Славчо Чадиев, Раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Марко Колев и претставници од овие институции денеска присувствуваа на конференцијата за „Одржливо управување со отпад на регионално ниво“
Поставен камен темелник за Надпатник кај Башино село
Започна изградбата на капитален објект во Башино село. Денеска се постави камен темелникот за изградба на „Надпатник над автопатот“ со кој ќе се поврзат црквата „Свети Никола“ и гробиштата. Целосната должина на пешачкиот мост изнесува 43,06 метри. Со пристапните патеки од двете страни должината на објектот изнесува 60 метри. Мостот ќе биде широк три метри, а делот кој ќе биде наменет за пешаците ќе изнесува 2,6 метри.
3Д слики од Надпатникот кај Башино село
Изградбата на „Надпатник-пешачки мост над автопатот Е-75“ во Башино село започна денеска. Фирмата изведувач на градежните работи се очекува да го изгради објектот за шест месеци. На сликите можете да видите како ќе изгледа објектот кога ќе биде готов. Ова се 3-Д слики со точни димензии и локација каде ќе биде поставен пешачкиот мост
Саем за бизнис и претприемништво во ОСУ „Јовче Тесличков“
Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ денеска го одржа Саемот за бизнис и претприемништво. Учениците на штандови ги претставија нивните виртуелни компании, преку кои дирекно се подготвуваат за влез на пазарот на трудот. Помеѓу присутните гости традиционално беше и Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев. „Ви честитам за континуитетот и успешното генерациско премостување и преточување на знаења.
Поплочен крак од улица Христо Татарчев
Завршија градежните активости на улицата Христо Татарчев, поранешна Марксова. Со бекатон коцки пополочен е еден крак од оваа улица. Вкупната површина на која се работеше изнесува околу 500 метри квадратни. Прокетот е дел од Програмата за работа на Општина Велес и изнесува 600 000 денри. Уредувањето на пристапната улица значи подобри услови за граѓаните во стамбените единици во тој дел од градот.
Темелна реконструкција на улицата Орце Мартинов
Во тек е реконструкција на улицата Орце Мартинов. Градежни екипи се на лице место и започна поставување на нов бетонски слој со дебелина од 10 сантиметри. Поради состојбата во која претходно се наоѓаше улицата целосно се вади претходната бетонска подлога, одново се врши тампонирање, а потоа се поставува нов слој. При тоа се води грижа улицата цело време да биде проодна за сообраќај. Реконструкцијата на улицата се изведува во барање на жителите од овој дел на градот и Урбаната заедница.
Се уредува дел од улицата Рилски Конгрес
Започнаа градежните активности на улицата Рилски конгрес или поранешна Игманска. Се работи на дел во должина од 400 метри со кој се поврзуваат улиците Тодор Јанев и Сараевска. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев беше на лице место и направи увид во работите. Тој истакна дека е задоволен од сработеното досега и очекува дека набрзо овој потег од улицата ќе биде готов.
Во Велес одбележан Денот на победа над фашизмот и Ден на Европа
Граѓаните на Велес денеска го одбележаа 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа. Делегации од Општината положија свежо цвеќе на костурницата, споменикот на жртвите на фашизмот од Велес и велешко. Учениците од средниште училиште одржаа турнир во мал фудбал. На турнирот секоја екипа претставуваше една земја членка на Европската унија. На Денот на Европа, Велес го посети Словачкиот амбасадор во Р. Македонија, Мартин Безак. Тој ја истакна соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња во рамки на општествениот живот.
Пролетно „крпење“ на дупки по улиците на Велес
Екипи од фирма ангажирана како најповолен понудувач започнаа со пролетното „крпење“ на дупките по улиците на градот. Во наредните денови тие ќе работат на повеќе локации со цел санација на сообраќајниците кои беа оштетени. Дупките кои беа детектирани како критични се асфалтираат.