Отовица ќе добие канализационен систем
Министерството за локална самоуправа, во извештајот за извршено оценување на проекти за поттикнување на рамномерниот регионален развој, одлучи во 2017-та финасиски да поддржи 2 проекти со кои аплицираше „Вардарскиот плански регион“.
Двата проекти се во општините: Велес и Кавадарци.
Изгласан ДУП за Трпезица
Советот на Општина Велес на вчерашната 68 седница позитивно се изјасни по точката на дневниот ред: Одлука за донесување на Детален Урбанискички план за местото викано „Тепезица“.
Новиот плански опфат е со површина од 41,77 хектари. Со овој Детален урбанистички план предивдени се 361 парцела за изградба на индивидуални куќи, 2 плацеви за градинки и 1 за изградба на Трговски центар.
68-ма СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 02.05.2017 година (вторник) во просториите на Општина Велес со почеток во 14:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 68-мата седница.
За 68-ма седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
Одбележани 114 години од атентатите на Гемиџиите
Граѓаните на Велес денеска се поклонија пред ликот и делото на Гемиџиите. По повод 114 години од Солунските атентати, на споменикот подигнат во нивна чест во близина на мало мовче, делегации положија свежо цвеќе.
Оддадена почит за загинатите на „Пуста кула“
Делегации од Општина Велес, Организацијата на резервни офицери на Република Македонија, Сојузот на борците и други присутни денеска положија свежо цвеќе пред споменикот подигнат во слава и чест на припадниците на Народнотоослободителното движење од Велес и велешко кои во 1942 година биле убиени од страна на бугарскиот окупатор на местото познато како Пуста кула. Денешниот настан се поклопува со јубилејот 75 години од формирањето на одредот „Димитар Влахов“.
Македонско - Чешка изложба во Велес
Во присувство на Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и Амбасадорот на Република Чешка во Р.Македонија, Мирослав Рамеш вечерва е отворена изложбата „Изминување на времето“ од автори од Македонија и Чешка. Љубителите на уметноста имаат можност да погледнат вкупно 33 дела кои ги создадоа шестмина македонски и исто толку чешки уметници.
Воскресение христово – Велигден
Градоначалникот Славчо Чадиев, со своето семејство утрово, по повод празникот Воскресение Христово - Велигден, присуствуваше на Велигденската богослужба во Соборниот храм „Св.Вмч.Пантелејмон" во Велес. Денеска се читаше Светото Евангелие со кое чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Претседателот Иванов на Велигден со граѓаните на Велес
„Христос воскресна – Навистина воскресна“. Ова се зборовите со кои православните христијани во Велес денеска го прославија најголемиот празник „Велигден“. Денот кога Христос воскресна од мртвите и од земјата премина во вечниот небесен живот. На овој ден подајте си рака, заборавете на се што било меѓу вас и ближните, чествувајте го името Божјо и поминете го денот во мир и благодет. Православните храмови во Велес вечерва беа посетени од илјадници граѓани. Со велешани годинава преазникот го одбележа и Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
„Чувствувам пролет“ – Приредба на средните групи во градинките
Децата од средните групи на сите шест клонови во градинките „Димче Мирчев“ од Велес имаа незаборавна приредба по повод партониот празник на институцијата. Пред многу гости, роднини, пријатели ја изведоа приредбата „Чувствувам пролет“. За приредбата, која се одржа во објект 2, беа подготвени вкупно 11 точки кои публиката ги награди со громогласен аплаус.
ГОК Борец убезбеди пласман во плеј оф
Оваа натпреварувачка сезона докажа дека заложбите на Општина Велес за инвестирање во спортот се покажаа како исправни. Во првата година по неговото формирање, Градскиот одбојкарски Клуб (ГОК) Борец, на крајот на регуларниот дел на првенството тие се пласираа на трето место на табелата и обезбеди настап во плеј офот. Ова практично значи дека Велес има два клуба во ракомет и во одбојка, клубови кои се финасирани од општината и кои се дел од плеј офот во овие два спорта, успех што одамна не е постигнат на терените во градот.