Општина Велес пример за социјална вклученост
Општина Велес е една од најдобрите во земјата на полето на социјалната вклученост. Ова произлезе откако општина Велес заедно со општините Пробиштип и Куманово беа дел од проектот „Како до поголема социјална вклученост?“,кој го реализираше Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје.
Започна 3-та училишна размена помеѓу Велес и Шербур
Во рамките на програмата за училишна размена помеѓу Велес и збратимениот град Шербур од Нормандија, од 12 до 19 март година, Велес е домаќин на 44 ученици и професори од Франција. По повод почетокот на престојот, учениците гости и домаќини ги поздравија м-р Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес и Н.Е. Кристијан Тимоние, Амбасадор на Република Франција. Посакувајќи им добредојде на гостите, градоначалникот Чадиев изрази задоволство од континуитетот на оваа соработка.
Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Велес
Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец денеска ја посети локалната самоуправа. Со градоначалникот Славчо Чадиев разговараше за многу актуелни теми од политичкиот и општествениот живот во државата и во градот. На средбата беше предочено дека двете земји, но и општините може да соработуваат во многу области за реализација на зеднички проекти со взаемна корист. Амбасадорот на Словенија беше придружуван од директорот на локалната библиотека Игор Крајчев и писателите Раде Силјан и Соња Должан.
Бетонирана улицата Стефан Димитров во Керамидна
Привршуваат градежните работи на улицата Стефан Димитров во велешката населба Керамидна. Работници од фирма изведувач денеска ќе завршат со бетонирање на улицата која има околу 200 метри должина. Потоа ќе треба да се изведат уште неколку помали работи за доуредување на просторот и целосно ќе биде завршена реконструкцијата. Градежните зафати значат подобри услови за граѓаните кои живеат во овој дел на Велес. Реконструкцијата се изведува со средства од програмата за работа на Општина Велес.
ФК Борец Јуниор на прием кај градоначалникот
Едни од најголемите фудбалски надежи на Велес, членовите на клубот Борец Јуниор денеска на прием кај градоначалникот Славчо Чадиев. На средбата со него, го запознаа со сите успеси кои во изминатиот период ги постигнаа младите фудбалери. Повод за денешната средба се одличните настапи на турнирот во Сандански, Бугарија, каде настапија две генерации на клубот и ги освоија првото и третото место во многу силна конкуренција на екипи од повеќе држави од Балканскиот полуостров. Генерацијата на деца родени во 2008 го освои првото место, а генерацијата 2007 беше третопласирана.
Се реконструираат улиците Милан Страчков и Тодор Ацев
Градежни активности на две локации во близина на Којник. Екипи од фирма изведувач се на улиците Милан Страчков и Тодор Ацев. Согласно програмата за работа на Општина Велес, прво се изврши тампонирање на улиците, се поставија ивичници, а сега во тек е прередување на коцката. На овој начин улиците ќе бидат многу подобро нивелирани. Друга придобивка е тоа што на граѓаните од тој дел на Велес, ќе им се реши и проблемот со атмосферските води.
Чист понеделник на Мегдан
Жителите од Мегдан ја продолжија традицијата. И годинава го одбележаа Чист понеделник. Празникот го прославија на начин како и претходните години, со песна, оро, мезе и пијалоци. Печат на настанот секоја година е традиционалниот бел грав.
64-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев ја информира јавноста дека денес 27.02.2017 година (понеделник) во просториите на Општина Велес со почеток во 13:00 часот, Советот на Општина Велес ќе ја одржи 64-тата седница.
За 64-та седница на Советот предложен е следниот дневен ред:
13 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АНИТА КРИШАН-ЛОЗАНОСКА
Денес на гробиштата во црквата „Св. Спас” во Велес почит и беше оддадена на Анита Кришан - Лозаноска. Таа како вработена во кабинетот на претседателот Борис Трајковски беше дел од делегацијата која во Мостар, пред тринаесет години, требаше да учествува на меѓународна економска конференција.
Започна проектот „Реконструкција на улици“ во Мамутчево
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска го посети Мамутчево. Повод е почетокот на проектот „Реконструкција на улици“ во ова населено место. Со градежни зафати ќе бидат опфатени седум улици во населеното место. Две ќе се стафалтираат, а останите пет ќе бидат бетонирани. Вкупната површина која ќе се уреди изнесува 1007 метри. По должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, основно училиште, верски објект и спортски терен. Директни корисници од овој проект се жителите на ова село, односно околу 350 жители, во околу 80 домаќинства. Вредноста на инвестицијата изнесува околу 6 милиони денари средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка. Ист ваков проект веќе е отпочнат и во населеното место Чалошево. Таму се изведува реконструкција на улици во должина од 1062 метри.