Легализацијата на дивоградби во Општина Велес е 57 проценти.

Легализацијата на дивоизградените објекти во градот е процес на кој Општина Велес му придава големо значење. Со оваа можност многу граѓани и семејства за 1 евро по метар квадратен можат да ги озаконат нивните објекти за семејно домувањекои кои од различни причини биле изградени без потребна документација.До Општина Велес поднесени се вкупно 9477 барања за легализација.

Повеќе...

Потребите и барањата на граѓаните остануваат приоритет за Општината

Во 2016 година Општина Велес успешно заврши 114 проекти од кои директна корист имаат сите граѓани на Велес.
Економијата и натаму останува приоритет број еден. Во 2016 се гордееме со успешната приказна во која прерасна фабриката „Маркарт“. Таму работат над 320 велешани. Македонско – турската компанија „Еуро Брик Компани“ го рестартираше Киро Куќук, а набрзо се очекува и да се стави во погон фабриката на „СТС Текстајлс“ кои инвестираа во погоните на поранешна Свилара.

Повеќе...

ВО 2016 ИНВЕСТИРАНИ 310 000 ЕВРА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Образованието е темел на едно општество. Вложувањето во младите, значи вложување во иднината. Затоа Општина Велес работи неуморно на подобрување на условите во сите образовни институции.
Сакаме да ви ги посочиме најзначајните проекти кои ги изработи локалната самоуправа, самостојно или партнерски, на полето на образованието, само во изминатата година за кои е инвестирано околу 310 000 евра.
Во 2016 година ССОУ „Коле Неделковски“ доби нова фасада. Проект кој чинеше 2,8 милиони денари. Во спортската сала се постави нов систем за ладење и греење. Целокупниот зафат во кој беа вклучени и помали инвестиции изнесуваше скоро 1,6 милиони денари.

Повеќе...

Спортот високо на агендата на приоритети на Општина Велес

Општина Велес придава големо значење во развој на спортот. Затоа континуирано се реализираат проекти, се поддржуваат спортските манифестации, се вложува во спортска инфраструктура.
2016 година е една од најплодните на полето на спортот.
Општина Велес ги формираше ГРК БОРЕЦ и ГОК БОРЕЦ. Финасиски и организационо целосно застанавме зад овие два клуба кои во минатото имаат големи успеси и се миленици кај публиката. За многу краток период тие станаа стабилни учесници во најјаките државни лиги. Секој викенд љубителите на спортот по подолго време имаат можност да гледаат квалитетни натпревари во ракомет и одбојка.

Повеќе...

Средствата во ставката за еднократна финансиска помош за социјално загрозени семејства зголемени за 40 отсто

Правото на социјална заштита и достоинстен живот е едно од основните човекови права на секој граѓани. Општина Велес како врвен приоритет во своето работење го има социјалниот аспект.
Една од главните ставки во програмата за работа на Советот на Оштинана Велес е финасиска помош на членови од социјално загрозени семејства. Во 2016 година, позитивно одговоривме на 96 барања од граѓани на кои им била потребна помош. Помошта се движи помеѓу 3000 и 65 000 денари во зависност од нивните барања. Ако на оваа бројка се додадат и 40-те хуманитарни пакети и ваучери кои беа доделени за ново годишните празници, тогаш бројката на граѓани и семејства кои добиле директна помош од Општина Велес е 136.

Повеќе...

Пакети со храна за жителите во село С`лп

Градоначалникот Славчо Чадиев со неколкумина вработени во Општина Велес денеска однесоа хуманитарна помош за жителите од велешкото село С`лп. Помошта се однесе откако тие вчера алармираа дека залихите со храна им се при крај. Пакети со храна добија сите 27 жители кои во моментов се во селото. Во рамки на хуманитарната акција се однесоа вкупно 15 пакети од основни прехрамбени продукти. Пакетите беа поделени во три категории. Најмногу храна имаше за седумчленото семејство, додека останатите беа за домови во кои има по едно или две лица.

Повеќе...

Претставници од Алзас, Р. Франција во посета на Велес

Претставници од регионот Алзас во Република Франција денеска беа во посета на Општина Велес. Жак Шлеф и Кристијан Рин од асоцијацијата „АЛМА“ остварија средба со Градоначалникот Славчо Чадиев како претседател на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. На средбата се разговараше за досегашните активности околу проект „Европски вински патишта“ кој заеднички започна да се рализира во 2014 година.

Повеќе...

Влатко Стојанов го фати светиот крст за Водици во Велес

21-но годишниот Влатко Стојанов е најсреќниот велешанец. Тој успеа да го фати Светиот крст на празникот Богојавление – Водици. Крстот го фати во неговиот прв обид. Во водите на „Македонскиот Јордан“ како што вели Митрополитот Повардарски Господин Агатангел денеска влегоа точно 50 лица. Со верба во бога тие ја продолжија големата христијанска традиција на Водосвет. Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска беше дел од одбележувањето на Водици во Велес. Тој заедно со Градоначалникот Славчо Чадиев присувствуваа на целокупната манифестација. Во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа Света божествена литургија, по што беше формирана литија до Мало мовче каде се изврши осветување на водите. По традиција на големиот празник Богојавление на бреговите на Вардар присутствуваа многу верници кои го проследија чинот на фрлање на крстот. Во наредните денови Влатко Стојанов ќе ги посети сите христијански домови со иконата која денеска ја доби од Повардарската Епархија.

Општина Велес втора најтранспарентна во 2016 година

Транспаретноста секогаш била една од главните карактеристки на Општина Велес. Дека работиме посветено на ова поле доказ е последното истражување кое го изврши „Центарот за граѓански комуникации“ од Скопје. Тие го објавија индексот на активна транспарентност во 2016 година.Истражувањето ги опфаќа сите 81 општина, градот Скопје и 15 Министерства.
На тоа рангирање Општина Велес е на второто место на генералната скала помеѓу останатите Општини во државата веднаш зад Крива паланка.

Повеќе...

Спасена старица од премрзнување

Ниските температури и студеното време се причина 80 годишна жена од Велес да се најде на работ на премрзнување. Најлошото е избегнато со реакција на Градоначалникот Славчо Чадиев и надлежните служби. По пријава на соседите во домот на старицата прво пристигнала полицијата, тие го алармираа градоначалникот, по што тој пристигна на лице место. Веднаш, околу полноќ жената брзо беше префрлена во општата болница каде прими прва помош.

Повеќе...