Отворена пошта во населба Тунел
Граѓаните на Велес кои живеат во населбите Тунел, Керамидна и Превалец од денеска ќе добиваат поквалитетни поштенски услуги. Повторно е отвоена поштата на локацијата во населбата „Тунел“. Оваа единица функционираше и во минатото, но подоцна беше затворена. Новата пошта засега ќе работи во една смена. Вратите се отворени од 08:00 со 16:00 часот, но надлежните посочуваат дека можно е да има измена се со цел да се прилагодат кон потребите на граѓаните. Проценките на надлежните се дека директна корист од овој објект ќе имаат околу 6000 граѓани кои гравитираат во овие делови од Велес.
Проект за реконструкција на некогашниот „Офицерски дом“
Г
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска го презентираше проектот за реконструкција на зградата во која порано беше сместен „Офицерскиот дом“ во Велес. Наскоро во градот ќе има уште еден репрезентативен објект кој ќе им служи на сите граѓани. Проектот за реконструкција е веќе одобрен. За негова реализација ќе бидат инвестирани околу пет милиони денари. Од тие средства 3,1 милион се грант добиен од Светската банка, а остатокот се средства од Буџетот на Општина Велес од програмата за култура во делот инвестиции. За почеток на градежни активности се чека разрешување на политичката ситуација, по што ќе може да се распише јавен повик за избор на фирма со најповолна понуда.
Средба со здружение за заштита на животни
Претставник од Здружението за заштита на животни „Animal`s Voice“ денеска на средба со Градоначалникот Славчо Чадиев. Тој дирекно го запозна првиот човек во Општината за актвностите на нивното здружение. Како се постапува со бездомните кучиња, третманот кој го имаат и плановите за во иднина. На средбата заеднички беше констатирано дека е потребно решение за овој проблем.
Локална конференција за социјална инклузија
Во рамки на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје, а во организација на локалните координатори - Здружението на лица со церебрална парализа - Велес ја одржа Локалната конференција за социјална инклузија на млади и жени.
Донација - Возило за инвалидни лица
Германската компанија „Дрекселмаер“ со посредство на германската амбасада и Општина Велес денеска на Здружението на граѓани „Мобилност“ им донираа возило кое ќе служи за транспорт на лица со хендикеп.Се работи на патничко моторно возило – комбе на кое има монтирано дел за хидраулика кој ќе се користи за влез и излез на лицата кои се движат со помош на инвалидски колички. Целта е во иднина сите здруженија на лица со посебни потреби да го користат. На тој начин ќе им се излезе во пресрет на потребите.
Започнува проектот „Реконструкција на улици во Чалошево“
Во населеното место Чалошево започна реализацијата на проектот „Реконструкција на улици“. Во тек се подготвителните активности за асфалтирање. Проектот предвидува реконструкција на основна траса, пристапен пат и еден крак. Вкупната должина која ќе биде асфалтирана изнесува 1062 метри. По должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, викенд куќи, основно училиште со настава до петто одделение, преработувачки погон за земјоделски производи.
Реконструкција во ООУ „Св.Кирил и Методиј“
Започна реконструкцијата во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ како дел од прокетот „Изградба и опремување на 145 спортски сали“ и реконструкција на средни и основни училишта во Република Македонија.Во Општина Велес дел од овој проект е токму основното училиште „Свети Кирил и Методиј“. Истиот чини 5 милиони денари и со него се предвидува реконструкција на спортската сала, подовите во 15 училници, но и ќе се постави нова фасада на стариот објект.
По 22-ри пат се одржа манифестацијата „Блакцето на Баба“
Продолжува традиција во Општина Велес. По 22-ри пат претставници на здруженијата на пензионери од целата држава се собраа на манифестацијата „Блакцето на Баба“. Над 350 жени пензионерки ги претставија благите специјалитети од нивната кујна.
Уништена урбанта опрема во паркот пред ООУ „Васил Главинов“
Продолжува несовесното однесува на дел од граѓаните на Велес. Урбанта опрема во еден од најубавите паркови во градот, пред ООУ „Васил Главинов“, од неодамна е речиси целосно уништена. Искршени се летниковците, клупите за седење и корпите за отпадоци. Општина Велес уште еднаш апелира до граѓаните: Да го зачуваме и да се грижиме за тоа што е заедничко.
Нова водоводна линија на улица Маца Овчарова
По завршување на ектремно ниските температури, Општина Велес продолжува со инфраструктурни зафати за граѓаните. Во моментов екипи од фирма изведувач работат на улица „Mаца Овчарова“ од левата страна на градот во месноста „Потокот“. Се врши замена на старите и дотраени водоводни цевки, во нови.